Вести Култура

Дони Мекаслин: Се обидувам да ги најдам местата на неочекуваната креативност

Во Македонскиот народен театар вечерва ќе одржи концерт Националниот џез оркестар. Под диригентство на Владимир Николов, како солист на концертот ќе настапи Дони Мекаслин, еден од водечките американски и светски џез саксофонист, кој соработувал и со мега ѕвездата Дејвид Бови, кон крајот на неговата кариера. Критиката го третира Мекаслин како џезер што го редефинира овој музички правец, поместувајќи ги неговите граници. А, програмата што ќе биде изведена на концертот за прв пат ќе ја чуе скопската публика.

Се обидувам да ги најдам местата на неочекуваната креативност и да ги истражам. Вака Дони Мекаслин, еден од најистакнатите современи американски и светски џез саксофонисти , кој вечерва ќе одржи концерт со нашиот Национален џез оркестар во МНТ, го објаснува пристапот кон креирањето музика. За него критиката вели дека го редефинира џезот, поместувајќи ги неговите граници.

  • Мојата музика е хибрид од арт- рок и електроника. Ја истражува крстосницата меѓу џезот и музичката импровизација. И овие различни типови на стилови. Јас ја следам мојата интуиција. Се обидувам да ги најдам местата на неочекуваната креативност и да ги истражам, кажа Дони Мекаслин, џез саксофонист.

На американската џез сцена Мекаслин е присутен од крајот на 80 -тите години на минатиот век, откако дипломирал на колеџот за музика, Беркли. Свирел во оркестри на истакнати џез музичари и композитори, а до сега објавил повеќе од 10 албуми како водач на бендови , покрај повеќето настапи во придружни состави. Eден од нив била групата музичари која соработувалa со Дејвид Боуви на неговиот сингл „ Во сезона на злосторство“ , од 2014 година, на последниот албум „Blackstar“, oд 2016 и на постхумното издание „ Без план“, една година подоцна.

  • Тој беше бестрашен, многу храбар, не се плашеше да менува и да ги погледне нештата од неговото уникатно гледиште. А, исто така беше и многу присутен кога работевме заедно. Навистина моќно присутен во мигот и не храбреше сите нас да бидеме креативни, колку што можеме. Да нема граници за тоа што го бара од нас, рече Мекаслин.

Програмата што ќе биде изведена на концертот во МНТ вклучува композиции од репертоарот на Мекаслин , од неговиот 20 годишен период на работа во оркестарот на композиторката Марија Шнајдер , како и премиера на композицијата „ Жртва на алчноста“ од Владимир Николов, кој воедно ќе диригира со нашиот џез оркестар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Тилев: Новиот нон-пејпер нуди конкретни чекори за побрза интеграција, но Македонија мора прво да го отвори кластерот „Фундаменти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе