Вести Македонија Најважни

Седум активни пожари, под контрола четири

Седум пожари се активни на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 38 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи.

Под контрола се четири пожари, а 27 се изгаснати.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид приземен во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с.Црешнево и с.Локвица гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Македонски Брод кај с.Крапа гори нискостеблеста шума, во Општина Дојран кај с.Николич гори нискостеблеста шума, во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел гори шумски пожар и во Општина Тетово кај бензинска пумпа Окта Петрол гори нива.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Македонски Брод кај с.Рамне – с.Ковче каде гореше ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков, во Општина Македонски Брод 2 кај с.Слатина гореше мешана шума, во Општина Македонски Брод 3 кај с.Слатина гореше гори нискостеблеста мешана шума и во Општина Делчево кај градска депонија Острец каде гореше депонија.Изгаснати се 27 пожари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе