Вести Македонија Најважни

(видео)„На македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но вас за да го признаете тоа Ви треба чесност и интегритет“, рече словенечката европратеничка Ирена Јовева

Во пресрет на денешното гласање во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Македонија, бугарските европратеници побараа бришење или измена на формулациите за македонскиот јазик и идентитет.

Поддржани од дел од грчките колеги, тие сметаат дека овие термини не припаѓаат во официјален документ за европски интеграции.

Сепак, највпечатливиот момент од дебатата беше говорот на словенечката европратеничка Ирена Јовева.

Таа, од говорницата на Европскиот парламент, директно им се обрати на бугарските колеги на македонски јазик. Таа ги нарече нивните барања „ирационални и неевропски“.

  • Слушнете ме внимателно, колеги. Овој извештај е извештај за европскиот пат на една земја-кандидат, пат пол со премногу трње, пат на еден народ, нација  која толку многу пати била понижувана и угнетувана, но сепак е подобра од многу кои се во Унијата, со сето должно почитување, на исклучоците, рече словенечката европратеничка Ирена Јовева.

Истакна дека овој извештај не е извештај за постоењето на македонската нација, Македонскиот јазик или македонскиот идентитет.

  • Иако овој дел од текстот во извештајот не ме загрижува, секако, и нема да гласам за негово бришење, сепак морам да бидам фер и да му порачам на македонскиот народ: знам дека боли, особено мене, но не се согласувајте со политичкиот наратив кој ќе ви кажува дека Европскиот парламент со тоа ви го одзел идентитетот или јазикот, бидејќи тоа не е вистина. На оние кои го велат токму тоа, бидејќи сакате сè освен правда, Ви велам дека македонскиот јазик е автентичен. Вашите обиди се модерна фикција. Идентитет кој преживеал векови нема да исчезне поради еден глас или вашето лобирање. Ќе продолжи да постои на македонски јазик, рече од говорницата , рече Ирена Јовева.

На македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но вас за да го признаете тоа Ви треба чесност и интегритет, истакна таа.

Европратениците денеска гласаат за извештајот за Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе