Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираше дека сообраќајот на патниот правец Стенковец – Граничен премин Блаце е целосно нормализиран и граѓаните повторно можат непречено да се движат во двата правци.
Исто така, граничниот премин Блаце функционира нормално.
Претходно, патот беше затворен поради големиот шумски пожар меѓу селата Блаце и Чучер Сандево, кој предизвика сериозни пречки во сообраќајот и загриженост кај населението.
Според информации од АМСМ, движењето е дозволено за сите патнички возила, додека тешките товарни возила се пропуштаат наизменично.
Сè уште е на сила забраната за движење на тешки товарни возила со церади поради безбедносни причини.