„Од MOБ за Скопје“ е насловот на гала-концертот што вечерва со почеток од 21 часот, се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ.
Концертот се одржува во чест на 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика.
Вечерва настапуваат оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со австриската амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор.