Вести Македонија Најважни

Реакцијата на Костадинов е одраз на нивото на демократија во сите партии?!

Реакцијата на струмичкиот градоначалник, кој откако не беше номиниран од партијата да влезе во трка за повторен мандат го замрзна членството во СДСМ и објави дека ќе започне ново внатрепартиско делување, не е изнанадување за политичките аналитичари. Напротив, оценуваат дека е одраз на нивото на внатрепартиската демократија во сите партии, генерално.

Тоа што икандидати за јавни функции се номинираат на начин што ги заобиколува членството, структурата, базата, разните комисии, а за нив се одлучува во тесното партиско раководство, резултира со номинации на некомпетентни кадри и тоа мора да се промени, смета  Марко Трошановски од Институт за демократија.

Останатите прегрупирања во партиите пред избори, за Трошановски се нормална работа во политичкиот живот.

Партиите се групираат на ниво на идеологија, вредности, но и интереси, затоа што примарен интерес на секоја партија е да дојде на власт. Тоа е нормален политички фолклор, не само овде,туку и секаде во светот, вели Трошановски.

Номинациите на кандидати за претстојните избори предизвикуваат реакции во сите партии, иако не секогаш за тоа се зборува јавно. За да се амортизира незадоволството, имињата се објавуваат постепено, а клучните адути се чуваат за крај. Викендов и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе објави дел од кандидатите, а од утре почнуваат разговори и со коалиционите партнери од ЗНАМ.

Утре ќе имаме првична средба со ЗНАМ, да ги чуеме очекувањата, ќе ги испратиме и нашите пораки, а во недела ќе го пренесеме сето тоа на Извршниот комитет. Продолжуваат и средбите со потенцијалните нови коалициони партнери, а штом имаме договор за кандидати, ќе ја информираме јавноста, рече премиерот Христијан Мицкоски

Сè уште се кријат адутите и во блокот на партиите на Албанците, иако неофицијално веќе се спомнува дека ДУИ во Чаир ќе го кандидираат Бујар Османи, а Гостивар ќе му го отстапат на Арбен Таравари. ДУИ би требало да има свои кандидати во Тетово, Чаир и Кичево, крилото на Таравари во Гостивар, Врапчиште и Сарај, а крилото на Села во Струга и Арачиново. Но, одвоените средби со коалиционите партнери засега не дадоа конкретен резултат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе