Oвации со извици „браво“ од публиката во Концертната сала на Солун и бис со „О Фортуна” на синоќешната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана”. Вакви беа реакциите за концертот со делото на Карл Орф, за кој по вторпат се обединија Македонската филхармонија со Софиската и Државниот симфониски оркестар на Солун, во улога на домаќин.
Во изведбата учествуваа тројца солисти од трите држави: Ана Дурловски, Николас Спанос и Иво Јорданов и исто толку хорови – на Софиската филхармонија и од солунската црква Св. Кирил и Методиј и од Универзитетот Македонија. Изведбата беше под диригентство на маестро Михалис Иконому од Грција.