По 37 години Ана Винтур повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“, но ќе остане главен директор за содржини на списанието што го издава компанијата „Конде Наст“ и глобална директорка на уредништвото на „Вог“, објави Би-Би-Си.
Винтур е главен уредник од 1988 година, а вчера ги информираше вработените дека „Вог“ ќе започне со потрага по нов уредник.
Британската кралица Елизабета II ѝ ја додели титулата „Дама“ за нејзиниот придонес во модата и новинарството во 2017 година, а на почетокот на оваа година, кралот Чарлс ѝ додели уште една награда „Companion of Honour“.