Балкан Вести

Албанија на четвртото место во Европа по бројот на затвореници

„Албанија е на четвртото место во Европа по бројот на затвореници на 100 илјади жители, зад Турција, Унгарија и Литванија.

„Според последните податоци на Евростат, кои се однесуваат на податоците од 2023 година, нивото од 181,7 затвореници на 100.000 жители е значително повисоко од просекот на Европската Унија, кој изнесува 111,4 затвореници. Нашата земја води и во регионот, а потоа следат Србија, Црна Гора и Северна Македонија“ објави албанската државна телевизија.

Додава дека високиот број на затвореници, следствено, довело до пренатрупани затвори, во споредба со поголемиот дел од Европа.

„Бројот на луѓе кои издржуваат казна е голем, но честопати бројот на оние кои се во притвор е уште поголем. Во тоа немаат некое поголемо влијание ниту  амнестиите“  смета експертот за безбедност Фатјон Софта.

Тој ги смета за загрижувачки тренд дискусиите меѓу Албанија и неколку западни земји за трансфер на затвореници за доиздржување на казната на албанска територија.

“Доцнењето на судските постапки е уште еден аспект што влијае на пренатрупаноста на затворите. Забрзувањето на овие постапки е решение, но и другите алтернативни безбедносни мерки за кривични дела кои не претставуваат висок ризик“ смета Софта.

Наведува дека создавањето услови за работа на отворените затвори е уште една алтернатива која ќе услови намалување на оптовареноста на затворските институции“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Од 15 часа до 40 без вода – скопјани се снаоѓаат со шишиња и кофи

Дејан Дејан

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе