Вести Најважни Свет

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Европската унија работи со „добра волја“ за да обезбеди трговски договор со САД базиран на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчович, по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе вовде царини од 50 отсто за ЕУ.

Трамп изјави дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50% за увоз од 27-те земји-членки од 1 јуни.

ЕУ е целосно ангажирана и решена да обезбеди договор што ќе им одговара на двете страни. Трговијата меѓу ЕУ и САД мора да биде водена од меѓусебно почитување, а не од закани. Ние сме подготвени да ги браниме нашите интереси, напиша Шефчовиќ на X по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и секретарот за трговија Хауард Лутник.

По заканите од Вашигнтон, ЕУ во почетокот на мај најави дека ќе воведе царини за увоз од САД во вредност од 95 милијарди, што се однесува на автомобили и авиони, ако трговските преговори со администрацијата на Трамп не успеат.

Европската комисија, исто така, објави дека ќе се жали пред Светската трговска организација (СТО) за трговските мерки што САД ќе ги воведуваат против ЕУ.

Во последните месеци, ЕУ беше три пати погодена од царините на американската администрација: 25 проценти за челик и алуминиум, кои беа објавени во средината на март, 25 проценти за автомобили, а потоа 20 проценти за сите други европски производи во април.

Царините беа суспендирани до јули за да се овозможат преговори, но царинските давачки од 10 проценти сè уште важат за повеќето стоки што ги извезуваат 27-те земји-членки на ЕУ во САД.

Доналд Трамп редовно ја напаѓа Европа откако се врати во Белата куќа за втор мандат, сметајќи ја, како што рече, „полоша од Кина“ во трговските односи.

САД го проценуваат својот дефицит во трговијата со ЕУ во 2024 година на 235 милијарди долари, но Европската комисија истакнува дека суфицитот на САД во услугите го намалува трговскиот дефицит на околу 57 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе