Вести Македонија Најважни

Обвинителство бара притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Скопското обвинителство бара притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи. За тројцата обвинети доктори-онколози, обвинителството предлага одземање на пасошите.

Кривичниот суд денеска треба да одлучи. Овие предлози следуваат, откако обвинителството вчера поднесе две обвиненија за случајот Онкологија. Едното е за економското работење на клиниката, а другото за несовесно лекување на онколошки пацинети. Васев е обвинет и во двете.

Соопштението на Јавното обвинителство го пренесуваме во целост:

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.

Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање.

Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе