Вести Македонија Најважни

Од 50 функционери, само тројца поднеле оставка – Фетаи со порака дека АА останува во влада

Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во опозиција.

„Делот на AА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се назначени на одредени позиции, најмалку 50, а можеби и повеќе. Гледам дека од нив, само тројца досега поднеле оставки, за тројца се знае дека јавно се изјасниле, за останатите не знам никого што ја напуштил Владата. Знам дека сите други продолжуваат да одат на своите работни места“, вели Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи, кој е претседател на Собранието на Алијанса за Албанците, состанокот на претседателството на партијата што се одржал токму за ова прашање го нарече циркус. Тој посочува дека не му рекол „не“ на Арбен Таравари, туку рекол „не“ на план кој, според него, не е план на Алијансата за Албанците.

„Реков „не“ на одлука што не е одлука, бидејќи не добила форма на одлука во партиските тела. Како прва точка, тоа не беше состанок на раководството, туку измислен формат на кој присуствуваа членови на партиското раководство, функционери и раководители на ограноци. Овој формат не постои никаде во статутот на партијата. Партиското собрание е единственото тело одговорно за донесување такви одлуки во АА. Па затоа решив да не легитимирам циркус“, изјави Арбен Фетаи.

Вели дека не тргнале по Таравари, бидејќи како што наведе, тој одлучил оди во ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе