„Мислам дека знам кого ќе предложам за нов гувернер“, изјави денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, но не сакаше да го соопшти името пред камерите. Во среда може да се очекува конечната одлука, кажа таа.
Гувернерот го именува Собранието на предлог на шефот на државата, а вицегувернерите ги предлага гувернерот пред да бидат испратени во собранискиот филтер.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
