Вести Македонија Најважни

Прилепски функционер гради без дозвола, обвинителството истражува

Почна да гради кат без дозвола, со решение само за реконструкција на покрив. Советникот и заменик градоначалник на Прилеп, Диме Бозоски, на деловниот објект во центарот на градот, сакал нелегално да догради уште еден спрат. Сега над приземјето е поставена бетонска плоча со железни столбови, но градежните активности се запрени.

Основното јавно обвинителство истражува дали постои кривична одговорност за дивоградбата, а општинскиот инспекторат веќе издаде решение за нејзино отстранување.

„При вршење на вонредниот надзор, беше констатирано дека се изведува надградба на деловен објект со приземје, без одобрение за градба. Врз основа на констатираната состојба, овластениот градежен инспектор ќе преземе мерки за отстранување“, се наведува во решението на Инспекторатот на Општина Прилеп. 

Инспекцискиот надзор е спроведен на 8 април, истиот ден кога Телма достави прашања до  Општината преку слободен пристап до информации. Бозоски претходно не одговараше на повиците. Пред повеќе од еден месец се огласи единствено на социјалните мрежи:

„Невистинито е дека се гради незаконски. За овој објект постои основен проект и решение издадено од Општина Прилеп“, напиша Диме Бозоски на Фејсбук.

Тој молчи, но граѓаните се гласни. Велат функционерите треба да бидат пример, а не дел од урбанистичкиот хаос.

„Ние мора да го почитуваме законот, оти знаеме кај ќе одиме, тие не одат, се гордеат згора на тоа. И  градат и крадат. Секој функционер си го тера неговото, сакале ние или не“, велат граѓаните.

Од ОЈО Прилеп за Телма информираат дека во тек е предистражна постапка и издадена е наредба за градежно вештачење на објектот.

Во центарот на Прилеп, заменик градоначалникот Диме Бозоски, наместо да го реконструира покривот на деловниот објект, започна нелегална доградба, а инспекцијата издаде решение за отстранување. На потег се институцииите кои треба да покажат дали законот важи за сите подеднакво.  

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе