Собранието ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Синоќа оставка поднесе и заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети по 10-месечен период на функцијата, а тоа вчера го стори и заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, кадар на Алијанса за Албанците.
Неизвесно е дали вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој се дистанцираше од Таравари, ќе остане да ја врши функцијата или ќе биде разрешен.
Во вестите во 12:30 часот од собанието се вклучи колешката Далиборка Демјанска Цветановска.