Вести Македонија Најважни

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Собранието денеска треба да ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, кој се повлече од владината коалиција и реши да настапи на локалните избори со својата Алијанса за Албанците. А премиерот допрва ќе преговара кој би бил негов наследник.

Синоќа и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Флакрон Беџети си поднесе оставка од функцијата. Оставката ја најави преку својот профил на Фејсбул.

„Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство. Тоа беше 10-месечен период на посветеност и одговорност за да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро“, напиша Беџети кој на крајот на објавата се заблагодарува на премиерот и на колегите од министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе