Вести Најважни Свет

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Рано утрово, на Плоштадот Свети Петар, се одржа свечената миса на инаугурацијата на новиот папа, Лав XIV – првиот американски папа во историјата на Католичката црква.

Во присуство на десетици илјади верници, политички и верски лидери, папата ги прими симболите на понтификатот – волнениот палум и прстенот на рибарот, што ја симболизира неговата пастирска улога и повикот на Свети Петар.

Меѓу присутните беа и американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио, како и претседателите на Италија, Украина и Перу.

Во својата прва беседа, Лав XIV повика на единство и помирување во Црквата и светот, нагласувајќи ја улогата на Католичката црква.

Ве поздравувам сите со срце полно со благодарност на почетокот на службата што ми е доверена. Свети Августин напиша: Господи, ти нè создаде за себе, и нашето срце е немирно додека не почива во тебе. Во овие денови доживеавме интензивни емоции. Смртта на папата Франциск ги исполни нашите срца со тага. Во тие тешки часови, се чувствувавме како толпите за кои Евангелието вели дека се како овци без пастир. Сепак, во неделата на Велигден, го добивме неговиот последен благослов и, во светлината на воскресението, ги доживеавме деновите што следеа со сигурност дека Господ никогаш не го напушта својот народ, туку го собира кога е расфрлан, им порача папата на верниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе