Русија ноќеска изврши најголем напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на инвазијата во 2022 година, лансирајќи 273 дрона, соопшти украинската војска.

Во нападот загина една жена во Киев, а повредени се уште тројца, меѓу кои и четиригодишно дете.

Украинската војска успеала да собори 88 дрона, додека 128 не стигнале до целта. Нападите ги зафатија и регионите Дњепропетровск и Доњецк.

Информациите за штетите не се целосно објавени. Нападот доаѓа само два дена по првите директни мировни преговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, одржани во Истанбул.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин в понеделник, во обид да го поттикне мировниот процес.

Русија и Украина договорија најголема размена на заробеници од почетокот на војната
