Вести Македонија Најважни

Лосон: Во Македонија нема да се градат кампови за мигранти

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, категорично ги демантираше шпекулациите дека во рамки на новопостигнатиот Договор за стратешко партнерство меѓу Обединетото Кралство и Македонија, во земјата ќе се градат кампови за мигранти.

„Суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, економски раст и заедничко делување за взаемна корист, како и зајакнување на веќе одличното трговско партнерство,“ истакна Лосон на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Тој објасни дека соработката во делот на миграцијата ќе се однесува исклучиво на поддршка во борбата против криминални банди, споделување разузнавачки информации и заедничка работа на полициските сили, како дел од поширока европска иницијатива.

„Не се работи за тоа дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Британија. Знам дека има многу шпекулации во медиумите, но ова не е дел од договорот,“ потенцираше Лосон.

Во однос на можноста за олеснување на визниот режим за македонските граѓани, амбасадорот призна дека миграцискиот притисок во Обединетото Кралство е голем, што ја прави темата политички чувствителна.

„Ќе продолжиме да разговараме за сите овие прашања. Знаеме дека визите се важна тема, но во моментов е навистина тешко поради внатрешните околности во Британија. Сепак, ова стратешко партнерство може да биде добра основа за понатамошно продлабочување на односите,“ рече Лосон.

Договорот за стратешко партнерство е дел од поширокиот напор за зајакнување на билатералните врски меѓу двете земји, со фокус на трговијата, инвестициите, безбедноста и одбраната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе