Вести Македонија Најважни

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта е во посета на Скопје. Тој се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, а на прес конференцијата, Кошта порача дека веќе нема простор за нешто друго и треба да се работи на испорака на зафатеното. Кошта ги потенцираше напорите и реформските зафати на Владата.

Мицкоски нагласи дека договореното од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ било направено со суспендирање на парламентот, и дека Бугарија не ги исполнува своите обврски.

И Кошта е Мицкоски наведоа дека патот кон ЕУ има фрустрирачки напори. На прашањето за гаранции дека нема да има нови бугарски барања, Кошта и премиерот Мицкоски со одговор:

„Кога прашувате за каков вид на гаранција имаме, јасно е она што е договорено – е договорено и немаме веќе за што друго да се договораме. Сега треба да го испорачаме она што сме договориле  и нема простор да се бара нешто повеќе“ изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет.

„Г-динот Кошта го пренесе ставот на ЕУ. Предлог од 2022-ра година потпишан и прифатен од претходната влада на СДСМ и ДУИ, така што се суспендираше парламентот, за да се случи промена на Устав потребни се две третини. И знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати. Нашиот став е јасен и принципиелен, ние тоа не можеме да го прифатиме. Без да видиме добра волја и испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по кој знае кој пат, а без да имаме јасна порака и јасна испорака од другата страна, а тое е бугарската страна“ рече премиерот Христијан Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе