Вести Најважни Свет

Фридрих Мерц не ги доби потребните гласови во Бундестагот иако имаше мнозинска поддршка

Историски неуспех на конзервативецот Фридрих Мерц. За само шест гласа не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство во 630 члениот Бундестаг и да биде назначен за нов германски канцелар.

Предводникот на Христијанско-демократската унија и покрај  мнозинството во Бундестагот од  328 пратеници не ја доби поддршката од својата коалицијата.

„Пратеникот Фридрих Мерц не го доби бараното мнозинство од 316 гласови, затоа тој не е избран за канцелар“ соопшти Јулија Клокнер, претседателка на парламентот.

Според германскиот закон пратениците имаат период од 14 дена да изберат канцелар со апсолутно мнозинство, а ако тоа не се случи во третиот круг одат со обезбедување на просто мнозинство.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер потоа ќе има седум дена формално да го назначи избраниот кандидат за канцелар или наместо тоа да одлучи да го распушти Бундестагот и да одржи нови избори.

Германската коалиција предводена од Мерц во својата програма ветуваше заживување на економијата, намалување на даноците и намалување на цените на енергијата. Мерц пред гласањето изјави дека Германија се наоѓа во период на голема неизвесност и длабоки превирања.

„Живееме во време на длабоки промени, на длабоки превирања и време на голема неизвесност, и затоа знаеме дека е наша речиси историска обврска да ја водиме оваа коалиција кон успех. Заеднички сме решени да го сториме тоа“ изјави Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија.

Засега не се знае кои пратеници не го искористиле правото на глас или биле воздржани, дали се од неговите редови или од коалициониот партнер, Социјалдемократите. Она што може да се види е дека има пукнати во владината коалиција.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Георгиевска во Топ Тема: Секој пад секако дека треба да загрижува

Дејан Дејан

Трајчевски во Топ Тема: Влада да се обрати до Репортери без граници и да побара објаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе