Вести Најважни Свет

Русија ги затвори сите четири главни аеродроми во Москва – масовен украински напад со дронови

Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот „од различни насоки“.

Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на еден од главните патишта кон Москва, но немало жртви.

Украина претходно објави дека во неделата го погодила командниот центар на беспилотните летала во Курската област, во близина на руското село Тјокино.

Москва во април објави дека ја вратила контролата врз целиот регион, девет месеци откако украинските сили извршија ненадејна инвазија. Киев тврди дека сè уште има војници кои дејствуваат од другата страна на границата.

Исто така во Курск, руските власти објавија дека електрична трафостаница во градот Рилск останала без струја во понеделникот откако била оштетена во украински напад.

Украина во моментов напаѓа многу региони во Русија со беспилотни летала.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение за ексдиректорот на РЕК Битола, Пеце Матевски и уште 9 лица за злоупотреби на тендер

Дејан Дејан

Нема значителен раст на цените, пазарната инспекција ги проверува маркетите

Дејан Дејан

„На пауза“ утврдувањето евентуална кривична одговорност за Тораница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе