Балкан Вести Свет

Во тешка сообраќајка на автопат во Хрватска загинаа две лица

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска загинаа две лица, а 31 лице е тешко повредено. Несреќата се случила откако се превртел автоубус кој налетал на автомобил кој стоел на автопатот. Три лица се во животно загрозувачка состојба. Повредените биле згрижени од Брзата помош со вкупно девет тимови од кои шест тимови се од Сисачко-московската и три тима од Загребската жупанија.

Хрватската полиција соопшти дека во сообраќајната несреќа учествувале автобус и автомобил со босанскохерцеговски национални ознаки. Според Мирослав Голуб, жупаниски пожарникарски командант тешката несреќа се случила откако автомобилот налетал на срна која излегла на автопатот.

„Возачот очигледно по тоа можел да го тргне автомобилот, но излегол на автопатот и им мафтал на другите автомобили да забават и за запрат. Возачот на автобусот кој се доближувал, не запрел па удрил во автомобилот на автопатот, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивна насока“, изјави Мирослав Голуб.
Извор на фотографија: Index.hr
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе