Вести Македонија Најважни

Денес се 122 години од смртта на великанот Гоце Делчев

Пред 122 години на денешен ден бил убиен македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

По неговото убиството неговите посмртни останки се чувале во селото Баница,  до 1917 година,  кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Во 1946 година останките Делчев се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев важи за еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Гоце Делчев бил и голем тактичар и политичар кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина.

Делчев доаѓа од кукушко семејство Делчеви. Роден е на 4-ти февруари 1872 година како прво машко дете, трето по ред чедо на бројната фамилија Делчеви која имаше вкупно девет деца. Гоце беше опкружен од тројца браќа (Мицо, Милан и Христо) и пет сестри (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена). Татко му Никола Делчев беше кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнуваше од блиското село Мурарци.

Залагањето на Делчев беше за самостојно развивање на Движењето и за организирање на македонските маси, без оглед на верата и националната припадност. Ослободувањето на Македонија го гледаше како нејзина внатрешна работа. “Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание ќе реши народот” велеше тој. “Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја”.

Цитатите и ден денес оставаат длабока трага. Едни од нив се: „Македонија има свои интереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Дејан Дејан

Лицето кое беше фатено на „Табановце“ вчера сопругата ја усмртил пред нивната петгодишна ќерка

Дејан Дејан

ДУИ: Oбид на Мицкоски да се наметне како тутор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе