Вести Македонија Најважни Свет

Светски ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Европската унија секогаш ќе ја поддржува слободата и плурализмот на медиумите изјави Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која им се оддаде почит на мажите и жените кои ги посветуваат своите животи на вистината. Независното новинарство е „од витално значење“, новинарите работат неуморно за да не информираат добро, повикуваат влади на одговорност, го креваат гласот, го провоцираат статус квото, а понекогаш плаќаат и највисока цена за тоа“, напиша Урсула фон дер Лајен на мрежата „X“ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Европскиот закон за слобода на медиумите, кој треба да почне да се применува во земји членки на ЕУ од 8 август, ќе придонесе за подобра заштита плурализмот и независноста на медиумите и ќе ја зголеми транспарентноста и праведноста.  Но според претседателката на Европскиот парламент треба да се направи повеќе.

И македонските новинарски здруженија со пораки – потребно е модернизирана медиумска регулатива, што ќе обезбеди транспарентност, плурализам и заштита на јавниот интерес на сите медиумски платформи, велат од Македонскиот институт за медиуми.

„Недоволната ефикасност на саморегулативните механизми во редакциите, посебно во онлајн просторот, ја продлабочува ерозијата на професионализмот. Ширењето дезинформации, сензационализам и злоупотреба на новите дигитални алатки ја соочуваат публиката со ризикот да биде манипулирана, а не информирана“ велат од Македонскиот инстиут за медиуми.

На Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година Македонија е рангирана на 42. место (од 180 земји) што претставува пад од шест позиции.. Оценката на Репортери без граници за овој пад според Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се финасирањето на медиумите, кое е нетранспарентно, недоволно и со одржливост која постојано се доведува во прашање, ги става новинарите и нивниот интегритет подложни на влијание од разни центри на моќ.

Денеска од Синдикатот излегоа со податоци за состојбите во кои функционира медиумскиот сектор. Медиумските работници работат во услови на прекаријат – со ниски примања, несигурни договори, под постојан притисок и со високо ниво на автоцензура. Дополнителна закана претставува и влијанието на вештачката интелигенција врз професијата.

И ЗНМ и ССНМ се согласни дека без професионално новинарство не може да има развој на демократијата, а само социо-економски обезбедени новинари може да известуваат објективно и да го бранат јавниот дискурс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе