Вести Македонија Најважни

Кој го штити, а кој работи против Законот за јазиците – партиите од албанскиот блок со меѓусебни обвинувања

Интегративците обвинуваат за политички притисоци врз Уставен суд и се сомневаат дека намерно се подготвува укинување на Законот за јазиците, веднаш по локалните избори на есен.

„Судот делува како параполитички продолжеток на актуелната власт“ – ваква е оценката на Демократската унија за интеграција. Според нив, укинувањето на одредби од законот би било напад врз сите постигнувања стекнати преку Охридскиот договор.

„Одамна се зборува дека власта му наредила на Уставниот суд веднаш по октомвриските избори да го укине Законот за јазици, за да не му наштети на нивниот албански проект. Изјавата на претседателот на Уставниот суд дека одлуката ќе биде донесена по изборите, само го потврдува ова. Оваа одлука следните избори ги претвора во референдум за албанскиот јазик и за еднаквост во државата“, напиша Бујар Османи, на социјалните мрежи.  

Додека интегративците предупредуваат, политичките противници од Вреди возвраќаат – ДУИ е разочарана бидејќи им пропадна планот за дестабилизација преку Уставниот суд.

Креатори на планот се Али Ахмети и Бујар Османи, обвинуваат од владиниот коалициски парнер.

„ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел – да се врати на власт по секоја цена. Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија Нон Грата и како „организација” на тесни лични интереси!“, се вели во соопштението на Вреди. 

Реакциите доаѓаат по изјавата на претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, дадена во интервју за емисијата „Трилинг“, каде што вели дека според неговите проценки, конечна одлука за оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците ќе биде донесена по локалните избори. Подготвителна седница е закажана за 19 јуни, откако судот претходно ја одложи поради трагедијата во Кочани во март.

На седница во декември минатата година, Уставен одлучи да одржи подготвителна седница за расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.  Претставници на Венецијанската комисија и други експерти ќе бидат повикани на расправата околу оспорените одредби.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе