За едни обичен слободен ден за прошетка надвор од државата, за други празник посветен на излет и на скара. 1 Мај се помалку се доживува како ден на трудот.
Се наполнија границите, а и излетничките места низ државата. Матка , едно од најубавите места за релаксација од градската гужва и уживање во чистиот воздух,денеска преполна со граѓани кои решиле празникот да го одбележат токму овде. Распалени скари, музика, детски џагор и редица возила и автобуси.
Има пари за некоја скаричка, но не и за патувања во странство велат граѓаните. Преполн беше и градскиот парк во Скопје. Се возеа велосипеди, а се играа и игри. Слична беше и атмосферата во тетовското село Туденце.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот.До 2006-тата година во Македонија се празнуваше два дена, на 1 и на 2 мај, од тогаш навака се одбележува само на првиот ден од месецот.
Симона Петровска