Вести Македонија Најважни

Кривична пријава за даночно затајување против управител на компанија

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против едно лице за кое постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување.

Пријавениот во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од први јануари 2020 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока, во вредност од над 53 милиони денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021, 2022 и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од над 12 милиони денари, се вели во соопштението на управата на финансиската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен

Дејан Дејан

Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Дејан Дејан

Висат ли проектите поради одземените лиценци во градежништвото?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе