Вести Најважни Свет

Мозочен удар кој довел до срцев застој – Ватикан ги соопшти причините за смртта на папата Франциск

Мозочен удар што довел со срцев застој е причина за смртта на папата Франциск, соопшти Ватикан.

„Папата мина мирна ноќ, се разбуди во 6 часот по што доживеа мозочен удар, поради што почина во 7:35 часот“, се наведува во соопштението на Римокатоличката црква.

По традиција, вратата во собата на папата во резиденцијата Санта Марија е запечатена, како и вратата на третиот кат во Ватикан, каде се наоѓа апартманот за поглаварите на Римокатоличката црква, кој папата Франциск никогаш не го користеше, освен за обраќање во неделите.

Веста за смртта на папата беше дочекана со изненадување, со оглед дека присуствуваше на прославата на Велигден и од „папамобилот“ ги отпоздрави 35.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“. Почина на Велигденски понеделник или, како што уште се нарекува, Ангелски понеделник, ден на кој, според сеќавањата, се сретнале анѓелите со жените на гробот на Исус.

Во тестаментот од 2022 година, кој е многу краток, папата напиша дека сака да биде погребан многу скромно, во Базиликата Света Марија Маѓоре, со единствен натпис Франциск (Фрањо на латински).

Телото на папата ќе биде изложено во едноставен дрвен ковчег „достоинствено, но како и секој христијанин“, одлука што Франциск ја објасни одамна.

Имено, тој реши да се откаже од традицијата на три ковчези од храст, чемпрес и олово, како и ковчегот да не биде поставен високо, туку меѓу верниците. Така ќе остане три дена, почнувајќи од утре, по што ќе започне церемонијата на погреб, најверојатно во сабота на 26 април на која ќе присуствуваат делегации на државии влади од целиот свет.

Ќе следуваат девет денови на жалост, а Конклавата ќе се одржи во рок од најмногу 20 дена. Тогаш кардиналите ќе се затворат во Сикстинската капела од каде нема да излезат сè додека име на еден кардинал не добие две третини од гласовите, што ќе биде објавено со бел чад.

Како се избира нов Поглавар на Светата Римска Црква?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа од народот и за народот – верниците во тага по смртта на Франциск чиј погреб ќе биде во сабота

Дејан Дејан

Велигден помина, дел од вработените во јавниот сектор и натаму без плата за март, не се знае ниту кога ќе ја добијат

Дејан Дејан

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе