Вести Македонија

Од денеска трговците мора да ги објавуваат цените на интернет

Согласно новиот Правилник, од денеска сите мали, средни и големи трговци што вршат малопродажба се обврзани секојдневно да ги објавуваат цените на своите производи на своите веб-страници, преку јасно означен дел „Ценовник“.

Цените мора да бидат достапни без најава или регистрација, а ажурирањето да се врши до 10 часот секој ден.

Стопанската комора на трговци побара продолжување на роковите, укажувајќи дека дел од малите трговци сè уште се соочуваат со технички, кадровски и финансиски предизвици за спроведување на оваа мерка..

Надлежните пак изразија очекување дека нема да има потешкотии во спроведувањето на мерката и посочија дека доколку биде констатирана грешка на трговецот ќе му биде даден рок од 24 часа истата да ја отстрани.

Оваа обврска не се однесува на микротрговци кои имаа обрт на средства под 50 илјади евра годишно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе