Вести Македонија Најважни Топ вести

Ѓорчевски од самиот почеток мислел дека неговата ќерка Вања е киднапирана

Од почетокот Александар Ѓочевски се сомневал дека неговата ќерка Вања е киднпирана, бидејќи како што кажа на денешното рочиште, бил исклучен нејзиниот мобилен телефон и последниот сигнал кој го давал не бил на патот кон нејзиното училиште, што наведувало на тоа дека не е по своја волја отидена во погрешен правец.

Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во нејзиното грабнување на 27 ноември 2023 година.

Ѓорчевски заедно со неговата сопруга Зорица, како што рече, уште сабајлето констарирале дека девојчето е киднапирано и таа ги замолила колешките да објават на социјалните мрежи дека е исчезната.

  • „Не точно дека само јас велев дека Вања е киднапирана. Сите го имавме тоа констатирано и родителите во групата и сите што не познаваат нас и Вања” – Ѓорчевски.

Ѓорчевски рече дека полицијата градела профил за неговото семејство, ги распрашувале со колку недвижен имот располагаат, кој колку возила има и не им било својствено дека Зорица го префрлила станот на негово име.Од самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене рече Ѓорчевски.

Тој притоа додаде и дека полицијата погрешно ја водела истрагата бидејќи сметала дека Вања избегала во Тетово, потоа дека отишла во Шведска и се приклучила на ИСИС. А од контакт во Сејф Сити на Гоце Трајковски со кој вршел паралелна истрага дознал за исечзнатиот Цитроен на велешанецот Панче Жежовски кој ќе биде искористен во грабнувањето на неговата ќерка.

  • „Значи ако биле внесени регистарските таблици на возило, кое се бара пет дена во системот на Сејф сити денеска ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Претпоставувам дека немале наредба да го бараат возилото и дека е пропуст на полицијата” – Ѓорчевски.

Ѓорчевски додаде дека не само од Цитроенот, туку испраќале фотографии и од други возила кои поминувале покрај зградата на кобниот ден. А неговиот адвокат смета дека обвинителството нема докази за инволвираност на Ѓорчевски во случајот.

Инаку Ѓорчевски и на прашање на обвинителството и на самиот првообвинет Љупчо Палевски Палчо уште еднаш потврди дека не го познава, иако е обвинет  дека на него му дал информации за движењето на Вања. Ѓорчевски на другите прашања на Палевски не сакаше да одговора, туку само кажуваше дека нема коментар.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По трагедијата во Кочани засилени инспекциски контроли

Дејан Дејан

Пожарникарите не располагаат со доволно опрема и капацитети за справување со големи шумски пожари

Дејан Дејан

Трамп: Ако иранскиот режим не може повторно да ја направи Иран голема, зошто тогаш да не би дошло промена?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе