Вести Македонија Најважни

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска ќе бидат пуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што беа пратени на лекување во софиската болница „Пирогов“ во Бугарија денеска ќе бидат вратени во Македонија.

Раководството на Клиниката за изгореници и пластична хирургија информираше дека сите се во добра здравствена состојба.

  • „Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза“, изјави директорката Аргирова во изјава за бугарската новинска агенција БТА.

Од болницата „Пирогов“ велат дека кај нив остануваат на лекување уште четворица пациенти.

За пациентите што остануваат на лекување, од прес-центарот на болницата велат дека тие се во тешка, но стабилна состојба и оти се на интензивна нега.

Оттаму додаваат дека во тек се бројни интервенции во насока на нивно заздравување.

Од Министерството за здравство потврдија дека во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Република Бугарија.

Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе