Вести Македонија Најважни

Пајазити доби 2 години затвор, сестрата на Теодора прашува колку вреди животот во Македонија?

Менсур Пајазити кој на 15 август 2022 смртно ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, призна вина и доби 2 години затвор. За делото тешки дел против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот предвидена е затворска казна од 1  до 5 години.

Судијата Елведин Ферати во краткото образложение токму признание го спомна како една од олеснитлените околности а го посочи и однесувањето на  обвинетиот на судењето.  Кога ја слушна казната таткото на Теодора се фати за глава и ја напушти судницата. Пред судот, низ солзи семејстовто го искажаа разочарувањето од пресуда која е за година и пол пониска од првата првостепна (3 и пол години) која Апелација намали на две, а Врховен ја укина.

„Две години го осудија што уби човек. Колку вреди животот во Македонија дали некој ќе ми објасни, колку вреди животот на сестра ми. Со две години ние треба да бидеме задоволни? Не, не може со две години, максималната казна нема да ми ја врати Теодора мене. Ќе ми ја олесни маката мене, ќе каже на секој следен што може да го доживее не дај Боже истово, ќе каже дека има правда, ако стигне до максимална казна“ изјави Ева Ристовска  сестра на Теодора. 

Пајазити завршните збор го читаше откако прво бараше неговиот адвокат да го стори тоа наместо него, но судијата не дозволи. Неговиот адвокат тврдеше дека обвинетиот жали и дека станува збор за несреќа.

Пајазити бараше поблага казна, тврдеше дека и тој е жртва а голем дел од говорот го посвети на известувањето на медиумите кои според него содавале погрешна перцепција и притисок врз судот.

„Да изразам сочувство за трагичната загуба. Не можам со зборови да ја опишам болката на семејството. Да нагласам дека ова не е случај на свесен криминал. Судскиот предмет се води за тешки дела против  безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот што заврши со смрт. Ова не е убиство со умисла. Не само семејството на жртвата и јас и моето семејство сме секундарна жртва“ изјави Менсур Пајазити, обвинет.

Семејството на Теодора бара максимална казна. Дали обивнитеството ќе се жали, ќе соопштат откако ќе го прочитаат образложението на пресудата. Адвокатката на семејството Ристовски посочи дека признанието на вина не е искрено туку со цел да добие пониска казна, но и дека изостана извинување и каење кон семејството.

„Тоа беше напишан текст, не видовме дека нешто самиот кажа, од срце да излезе како каење, жалење, како што треба да биде направено. Сметаме дека се ценети олеснителните околности повеќе на страна на обвинетиот“ изјави Наташа Ѓорчевска, адвокатка.

Судењето почна и заврши во еден ден откако минатите два обиди Пајазити не доаѓаше со оправдание од Тетовската болница.

Адвокатката денеска достави документ до судот добиен од гимназијата во која работи Пајазити како наставник дека не бил на болничко лекување и посочи дека целта му била да го одолговлекува процесот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе