Штипската Клиничка болница распиша оглас за вработување на 19 специјализанти. Ќе се попoлнат испразнети места за анестезиолози, ортопеди, офтамолози, психијатри, педијатри, радиолoзи. Огласот трае пет работни денови. Кандидатите треба дека имаaт завршено Медицински факултет, положен Стручен испит и Лиценца за работа издадена од Лекарската комора.
Со овој оглас, најголемиот здравствен капацитет во источниот дел на државата, полека го решава недостатокот од кадар со специјалисти, проблем со кој се соочува неколку години, бидејќи местата по основ на пензионирање или заминивање во приватните болници не се пополнуваа.
„Со овие 19 вработуваања, релативно ќе биде задоволен бројот. Сепак, голем дефицит во болницата имаме од средниот персонал. Имаме голем недостаток од медицински сестри, болничари и хигиеничари“, изјави Захариев.
Захариев најави дека се очекува да биде распишан интерен оглас за специјализации на веќе вработените лекари по општа медицина. Тој вели дека се бара и решение за оние кои се на договор на дело.
Во најголемиот болнички центар на истокот не се пополнети над 130 работни места.