Вести Македонија Најважни

Советот за јавни обвинители со негативно мислење за разрешувањето на Коцевски

Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски. Шестмина од членовите беа „против“ предлогот на владата за разрешување, а тројца се изјаснија позитивно за разрешувањето.

Аргументите од дискусијата медиумите не можеа да ги слушнат затоа што беше исклучена јавноста со образложение дека ќе се дискутира и за дисциплински постапки но, и поради заштита на интегритетот на и угледот на државниот обвинител но, рекоа дека аргументите јавноста ќе може да ги прочита од записникот од седницата кој во наредниот период ќе биде усвоен и објавен.

Тројцата членови кои го поддржаа предлогот на владата за разрешување на Коцевски се Ардијан Демири и Кети Петкова избрани од Собранието и Маријана Илиеска избрана од обвинителите.

На седницата согласно законските одредби не присуствува државниот обвинител кој инаку е член на Советот на јавни обвинители по функција.

Тој испратил писмен одговор на предлогот за разрешување на владата. Владата најави дека постапката за разрешување на Коцевски во секој случај ќе ја запре поради истрагата за трагедијата во Кочани за, како што рече, да можат обвинителите целосно да се посветат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По два ипол месеци Петар Богојески ја напушта директорската позиција од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Дејан Дејан

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

Дејан Дејан

Зеленски пристигна во Холандија пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе