Вести Македонија Најважни

Обилните дождови ја излеаja Маркова Река

Водата во Маркова Река достигна критично ниво и на неколку места на територијата кај Батинци се излеjа од коритото. Полицијата синоќа ги блокира патиштата кон скопските населби Драчево и Долно Лисиче.

Критична беше состојбата кај мостовите кои што ги поврзуваат овие места со Скопје, па пристапот до овие населени места, како и до Студеничани, Батинци, Зелениково и останатите во тој регион беше можен само преку Јурумлери.

Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото. Ова го соопшти дирекцијата за Заштита и спасување, од каде велат дека има материјална штета врз жители на Батинци.

Водата од Маркова Река во Батинци, поплави улици и подруми. Синоќа на терен излезе и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека „механизацијата е на терен и нема опасност по населението, како и дека напорно се работи на враќање на реката во своето корито“. До ЦУК пристигнале пријави за поплавени објекти на единствениот број 112.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По два ипол месеци Петар Богојески ја напушта директорската позиција од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Дејан Дејан

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

Дејан Дејан

Зеленски пристигна во Холандија пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе