Македонија се збогуваше од младите луѓе кои загинаа во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се бараат виновниците за оваа најголема трагедија во државата, во која загинаа 59 млади луѓе.
Синоќа имаше нови апсења. Приведени се градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов и двајцата негови претходници, поранешните први луѓе во општината, Николчо Илиев и Ратко Димитровски, дознава Телма.
Импровизираната дискотека „Пулс“ е отворена во времето на Димитровски, а продолжила да работи на диво и во времето на Илиев..