Вести Македонија Најважни

Не пријавиле дека има инциденти во и околу Пулс, 7 полициски началници приведени – Тошковски рече дека и скопска дискотека имала фалсификат лиценца

Седум полициски началници и инспектори од СВР Штип и полициската станица во Кочани се уапсени во истрагата за трагедијата во Кочани бидејќи без проверки и без контрола, на сопственикот на дискотеката Пулс им издале документи кои во 2023-та биле употребени и претставени како точни проценки за јавната безбедност и биле испратени во Министерство за економија.

Меѓу осомничените e и началникот на СВР Штип и првиот човек на кочанската полиција, соопшти обвинителството, а министерот Тошковски изјави дека се истражуваат за „тешки дела против општа сигурност“ за што затворските казни се движат од минимум три до максимум 20 години затвор.

-Првопријавениот В.П. – главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип во времето на извршување на делото и второпријавениот В.Н. – самостоен инспектор за планирање, резервен состав, превенција и справување со кризна состојба во Одделение за полиција во СВР Штип, на 06.03.2023 до Министерство за економија доставиле известување каде, спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност, констатирале дека кабаре Пулс од Кочани ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај и покрај тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, наведе Тошковски.

Третопријавениот Ј.Т. – началник на Одделение за полиција во СВР Штип за време на извршување на делото и четвртопријавениот Б.Г., – началник на СВР Штип, на 06.03.2023 го одобриле и потпишале известувањето до Министерство за економија во кое е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

-Петтопријавениот В.И., – документарист во Полициската станица Кочани, на 06.03.2023 изготвил телеграма во која не дал точни и целосни податоци дека во и во близина на кабаре Пулс има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, односно дал податоци само дека против правното лице и против одговорното лице во правното лице се поднесени две барања за поведување прекршочна постапка, наведе Тошковски.

-Шестопријавениот Г.И. – заменик командир на Полициската станица Кочани и седмопријавениот А.М. – началник на Одделение за внатрешни работи Кочани во времето на извршување на делото, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и во близина на кабарето, ја потпишале телеграмата, со што не постапиле според прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за кабаре, соопшти МВР.

Осомничените се под истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал и попладнево се изведени пред скопскиот суд каде се разгледува барањето за притвор. Иако се седум на број, не станува збор за 7-те началници кои вчера беа разрешени и сменети туку за други вработени во полицијата.

Сосе нив, под истрага се вкупно 26-мина, за 18 е определен краткотраен 48-часовен притвор, а приведено и задржано уште едно лице од министерството за економија.

Многу пропусти имало во функционирањето и издавањето на лиценците на ноќни клубови, кабареа и дискотеки, а Тошковски тврди дека нашле уште една фалсфикувана лиценца на клуб во Скопје кој не го именуваше.

–При проверката е утврдено дека има уште најмалку еден фалсификат на документ (покрај оној на кочанското кабаре Пулс). Според информациите кои ги добив станува збор за објект во Скопје, рече Тошковски.

Утрово во Куманово пак бил приведен сопственик на кабаре кој пред контролите на пазарната инспекција внесувал противпожарни апарати во објектот, а при претресот во клубот му е најдена и пиротехника.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе