Вести Македонија Најважни

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши повикан на разговор со ПС Карпош

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на разговор во полициска станица Карпош, дознава Телма.

Ова е најновата информација од истрагата за трагедијата што се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција информира дека веднаш биле преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов има информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито.

Тоа е документ, рече Мицкоски, за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Според него, тука има многу прашања кои истрагата ќе ги одговори.

Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме. Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост, најави тој.

Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, бројот на починати е 59, а 155 се повредени. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе