-Досега има 59 загинати, 35 се идентификувани. Триесет и едно лице се од Кочани, а 4-ца загинати се од Штип, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој потврди дека има и малолетни жртви.
Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија, изјави Тошковски и додаде дека меѓу загинатите бил и еден полицаец кој вршел контрола за евентуално откривање на дрога.
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.
Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитализирани во болниците во државата.
Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата, изјави Тошковски.
Меѓу загинатите е и полицаец од Пробиштип кој бил службено во дискотеката, во рамки на планирана акција за борба со дрога и контрола на присуство на малолетни лица во конкретната дискотека.
Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.
Во рамки на истрагата има увид и во Министерството за економија каде се бараат документи за конкретната дискотека, за издадени лиценци за нејзино функционирање, градежни дозволи и други документи и се вршат разговори со одговорните лица за тие процеси.
На прашање за сопственикот на дискотеката, дали е приведен или распитан, Тошковски одговори дека не може да сподели информации.