Вести Македонија Најважни

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма.

Повеќе извори на Телма потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.

„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите  се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ пишува во соопштение на ОЈОГОКК.

Ратко Капушевски, според информациите на Телма, повеќе од еден месец не бил во државата и акцијата почнала кога надлежните добиле сознанија дека е вратен во Македонија. Неговата компанија беше главен избор на државните eлектрани за набавка на мазут и добиваше набавки во висина од повеќе десетици милиони евра.

КОД на Телма неколкупати правеше истражувања на темата по што и Aнтикорупциска отвори постапка и покрена иницијатива за кривично гонење. Во истрагата се опфатени и повеќе возачи, а извори на Телма потврдија дека е приведен и се вршат претреси и кај Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија доби зелено светло за еврото

Дејан Дејан

Обезбедени седум нови лекови за третман на онколошки пациенти

Дејан Дејан

Палестинците низ Газа сè уште се борат со сериозен недостиг на храна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе