Вести Економија Топ вести

Нова година со нови милиони за набавка на струја, ЕСМ бара да купи за цел јануари

ЕСМ бара да купи струја за цел месец јануари. И во новата година ќе се трошат милиони за набавка на електрична енергија за да се покријат домашните потреби.

Се бараат над 74 илјади мегават часови. Но, се уште нема резултати од кои фирми по која цена ќе се купи.

За овој месец  пак беа направени две набавки, па поради тоа за декември ЕСМ само за купување на струја ќе потроши околу 20 милиони евра.

Приближно толку се и загубите на компанијата, која веќе извесен период тешко работи  и е со минус во касата. Поради потреба од пари ЕСМ се задолжи и кај домашните банки со 80 милиони, но каматата на овие средства е повисока од онаа што ќе ја добијат приватните компании преку унгарскиот кредит за кој електрани нема право да аплицира.

Блоковите во РЕК Битола често пати знаат да излезат од мрежа, а хидрото не е во најдобра состојба. Премиерот Мицкоски е оптимист и смета дека за една година  ЕСМ ќе излезе од длабокиот минус.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе