ЕСМ бара да купи струја за цел месец јануари. И во новата година ќе се трошат милиони за набавка на електрична енергија за да се покријат домашните потреби.
Се бараат над 74 илјади мегават часови. Но, се уште нема резултати од кои фирми по која цена ќе се купи.
За овој месец пак беа направени две набавки, па поради тоа за декември ЕСМ само за купување на струја ќе потроши околу 20 милиони евра.
Приближно толку се и загубите на компанијата, која веќе извесен период тешко работи и е со минус во касата. Поради потреба од пари ЕСМ се задолжи и кај домашните банки со 80 милиони, но каматата на овие средства е повисока од онаа што ќе ја добијат приватните компании преку унгарскиот кредит за кој електрани нема право да аплицира.
Блоковите во РЕК Битола често пати знаат да излезат од мрежа, а хидрото не е во најдобра состојба. Премиерот Мицкоски е оптимист и смета дека за една година ЕСМ ќе излезе од длабокиот минус.
