Вести Магазин Наука и здравје Топ вести

Полицијата на Абу Даби чекор пред времето – робот полицаец ги предупредува учесниците во сообраќајот да не прават грешки

Се вика Сагр и се грижи за безбедноста во сообраќајот. Ги предупредува учесниците во сообраќајот да не прават грешки , им укажува на сообраќајните правила и ги предупредува дека може да бидат казнети. Расположен е да одговара на прашања и тоа на два јазика англиски и арапски.

На Глобалниот медиа Конгрес за употребата на вештачката интелигенција и медиумите и годинава беше најинтересен штандот на полицијата. Необично кога станува збор за место каде има стотици изложувачи од светот на медиумите, но полицијата на Абу Даби е во чекор пред времето па употребата на вештачката интелигенција во нивните системи за сејф сити, препознавање на личности и други операции е на највисоко ниво.

За среќа  Сагр не пишува казни но софтверот што го користи полицијата на Абу Даби е толку прецизен што доколку направите прекршок казната стасува веднаш на вашиот телефон преку СМС порака.

Вештачката интелигенција се користи сепак најмногу за предупредување возачите да не направат грешка, а сензорите ги фаќаат сите неправилности.

Таму поставените порти на автопатите не се за закачување на реклами туку за да се види како учесниците во сообраќајот се однесуваат на патот.

Камерите се поставени да се гледа и регистрацијата но со тоа се прави целосна проверка на автомобилот, дали е регистриран, дали нешто е менувано на него и се разбира како возачот го управува. И овде казната стасува веднаш за оние кои грешат.

Со користењето на овој систем прекршоците се преполовени во последните три години, а за полицијата на Абу Даби најважно е да се учи од грешките за да не се повторуваат.

Возачите знаат дека не можат да им избегаат на камерите па возат многу попретпазливо но и полицијата постојано врши едукација на учесниците во сообраќајот употребувајќи вештачка интелигенција.

Така роботот Сагр е само еден од многуте полицајци со вештачка интелигенција кои се користат во Емиратите.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе