Вести Македонија Најважни

Жителите на скопската населба Шуто Оризари го блокираа центарот на Скопје – Отсечени сме од градот и соочени сме со откази од работа

Со извици „Скопје бара превоз“, „Данела оди си“, и пароли „Ние сме бројка само за избори“, „Нови автобуси во Шуто Оризари“, жителите на скопската општина го кренаа гласот поради недостигот на јавен градски превоз.

Ситуацијата кулминираа пред влезот на градската администрација, кога дел од граѓаните побараа градоначалничката Данела Арсовска да излезе, да се соочи со нив и да преземе одговорност.

Чекање на автобуските постојки со часови, жителите гневни велат „отсечени сме од градот и соочени сме со откази од работа.“

Градоначалник Курто Дудуш ситуацијата ја оцени како дискриминаторска и побара веднаш да се реши проблемот, во спротивно рече секоја недела ќе протестираме.

Рековте неумесно е граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз еден ден поради недостаток од нафта. Според вас, која е замената за зборот неумесно за граѓаните на Шуто Оризари кои 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Јас би рекол зборот е расистички. Расистички, дискриминаторски и нехумано е да оставите 40.000 граѓани без јавен превоз, рече Дудуш.

На протестот се придружија и група студенти и средношколци, но нив ги чекаше посебна порака.

Тие со транспаренти и барања до градските власти да набават нови автобуси и да изградат проодни велосипедски патеки.

Од Град Скопје преку соопштение обвинија за партизација. Велат дека на протестот имало членови на ВМРО-ДПМНЕ, а токму нивната советничка група одбива веќе неколку пати да ја изгласа потребата од набавка на нови еко автобуси.

Течат седумте дена по вчерашната одлука на владата автобусите на ЈСП да возат со нафта од државните резерви, што ќе се случува потоа засега е неизвесно.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе