Вести Најважни Свет

Со воената вежба „Одлучен Воин” во Латвија се етаблираше осмата бригада за засилена одбрана на источното крило на НАТО

Тринаесет земји членки, повеќе од илјада воени, борбени и логистички возила, над 3500 војници беа дел од Ослучен воин – воената вежба со која се означи и етаблирањерто на НАТО мултинационалната бригада во Латвија,  една од осумте мултимационални бригади, распоредени во источното крило на НАТО, од балтичкото море на Северот, до Црното Море на истокот.

Демонстрација на огнената моќ, клучен тест за  интероперабилноста. Со една порака: многу нации со една мисија: веродостојно одвраќање на агресијата и одбрана на територијата на НАТО.

  • „Вежбите се начинот со кој НАТО се подготвува за се. Тие им даваат на нашите сили искуство за заедничка работа. Тоа ќе не направи поподготвени да спречиме каква било агресија. И да ја покажеме нашата способност да ги браниме сите сојузници“ изјави Марк Руте, генсек на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, кој ја следеше вежбата со порака и за предизвиците со промената на американската адсминистрација.

  • „Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, работат заедно. САД го разбираат ова, дека НАТО е таму не само за да ги брани Европа и САД, туку и да работи заедно за да се погрижи Индопацификот и трансатлантскиот да останат безбедни. И со нетрпение очекувам да работам со Доналд Трамп. Понекогаш зборуваме за држави на фронтот. Дозволете ми да разјаснам, Холандија и Франција и Обединетото Кралство се држави на првата линија. Таму сме заедно со Балтикот, Полска и сите други земји-членки на НАТО. Сите ние сме држави на првата линија. Не постои држава на фронтот која е поблиску до Русија или подалеку од Русија. САД ние требаат нам. Ние сме им потребни на САД“ посочи Марк Руте, генсек на НАТО.

Македонија е дел од засиленото присуство на НАТО во источното крило, во Романија,  Бугарија и овде во кампот Анжу во Латвија. Во 2022 прво со АБХО, потоа со артилерски и сега со извисничко одделение , како дел од словенечкиот контингент. Одбранбената стратегија на НАТО предвидува бригадата овде во Латвија, под водство на Канада да биде постојана одбранбена точка, со натамошна надградба, веќе од следната година со нови радарски и антиракетни системи.

Од Рига за ТВ Телма

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе