Култура Топ вести

Одржана премиерата на „ Галеб“ од Чехов на „ Охридско лето“

Актерката Ирина Николаевна Аркадина и нејзиниот син Константин Трепљев имаат многу комплициран однос. Тој резултира со ниска самодоверба кај Трепљев, кој верува дека луѓето го фалат и почитуваат само поради мајка му , која е ценета  и успешна актерка. Трепљев, исто така смета дека е неважен кога мајка му не е меѓу тие што го опкружуваат. Таа ситуација се случува и се протега низ целиот живот на младиот Трепљев, а Аркадина тоа дополнително го комплицира со одбивањето да му помогне. Вака започнува драмата „ Галеб“ , од Антон Павлович Чехов, чија премиера во продукција на Народниот театар од Битола, синоќа се одржи на летната сцена на Долни Сарај , во рамките на „ Охридско лето“, во режија на Багријана Попов.

Напишан кон крајот на 19 век, драмскиот текст „ Галеб“ донел промени во дотогашниот пристап кон театарот , зашто Чехов ја заменил театралноста со акцентот кон емоциите на и меѓу ликовите и нивните чести промени на расположението. А, тие промени на емотивните состојби на ликовите се базираат на невозвратена љубов, на неможноста да се реализираат емотивно или пофесионално и сл.

  • Чеховата драма „ Галеб“, е всушност антибајка за нереализираните амбиции , за чудната мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, рече селекторката на драмската програма на „ Охридско лето“, Сања Арсовска , на прес конференцијата пред премиерата .

Според режисерката Попов , која веќе две децении соработува со НТ-Битола, а има режирано неколку драми на Чехов во Финска, Австралија и во родната Бугарија, се работи за претстава реализирана во отворена форма, со фокус на потребата луѓето да се грижат меѓу себе , но и за природата, зашто езерото зазема централно место во текстот на Чехов.

  • Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува  комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство за љубовта, природата, а централно место зазема  и езерото со своите убавини.  Затоа е перфектно, што претставата  се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.

Актерката екипа ја сочинува подмладокот и средната генерација глумци од Битолскиот театар, а улогата на Трепљев му е доверена на Илија Волчески од Прилепскиот театар. Играат и : Јулијана Мирчевска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски.

За сценографијата беше задолжен Валентин Светозарев, на костимографијата работеше Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе