Вести Македонија

(ВИДЕО) Пожар се заканува да го зафати резерватот Јасен

Пожарот во атарот на село Taжево се проширува кон борова Брезница. Гори борова шума, а пожарот лесно може да се прошири кон резерватот Јасен.

Тука има густа шумска вегетација која ако биде зафатена од пожарот може да предизвика сериозни последици, велат од Центарот за управување со кризи.

На терен веќе се вработените од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ и едно теренско возило специјализирано за гаснење шумски пожари.

Планирано е да интервенираат од противпожарните единици на Македонски Брод, а активирани се и ер-тракторите за гаснење од воздух.

На терен дејствува и хрватски Канадер.

На видео снимка се гледа како црпи вода од езерото Козјак со цел да помогне во напорите за ставање под контрола на пожарот во близина на резерватот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе