Вести Култура Македонија

Бруно Делбонел  добитник на „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на „Браќа Манаки“

Бруно Делбонел е еден од најголемите живи мајстори на филмската камера, кој во континуитет ја создава визуелната убавина на филмот. Наградите и номанициите се само уште една потврда за творечкиот опус на Бруно Делбонел.: шест  номинации за Оскар, четири номинации за БАФТА, две награди на престжното американско друштво на кинематографери и три номинации на истото,награда на Европските оскари и уште многу други.  Делбонел  со „Амели“ на 44 години достигнува светска слава и во овој филм креира визуелно маестрално ремек-дело, рефлектирајќи го бајковитиот, само навидум обичен  свет на Амели.

 

Првиот со којшто достигнува светска слава е Амели Пулен, којшто се смета за еден од ремек делата на европската филмска уметност,  откритие на фестивалот Карлови Вари, на огромно жалење на Канскиот фестивал, којшто го одбил филмот и не го земал во официјалната конкуренција. Но,  по победата во Карлови Вари станува таков хит што членовите на селекторската комисија на Кан веројатно до крајот на живот ќе жалат за таа грешка ИЗЈАВИ Симеон Мони Дамевски, директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ .  

Третата номинација за Оскар за Делбонел дојде во 2010 година за еден од визуелно најефектните филмови од серијалот за Хари Потер, неговото шесто продолжение, „Хари Потер и полукрвниот принц“ во режија на Дејвид Јеијтс. Следните три ремек дела во опусот на Делбонел, закитени со номинација за Оскар се: „Внатре во Левин Дејвис“; „Најмрачен час“  и „Трагедијата на Магбет. Во творечкиот опус на Делбонел се вбројува целовечерниот игран филм на браќата Коен  „Внатре во Левин ДејвисСе очекува годинава во чест на јубилејното 45. Издание на „Браќа Манаки“ кое се одржува од од 21 до 27 септември да присуствуваат  досегашни добитници на наградата „Златна камера 300 за животно дело“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе