Вести Култура

Почина Исмаил Кадаре, борецот со перо против тоталитарните системи

Во 88- мата година од животот, денеска во Тирана почина Исмаил Кадаре, најпознатиот албански писател, припадник на постмодерното движење во литература и критичар на диктатурата на Енвер Хоџа, и воопшто на тоталитарните режими. Неговото творештво беше преведено на 50 -тина јазици и наградено со престижното признание „ Меѓународен Ман Букер“, а Кадаре неколкупати беше номиниран и за Нобеловата награда за литература.

Како последица на срцев удар, во болница во Тирана, на 88 години почина Исмаил Кадаре, најпознатиот албански писател- критичар на поранешната комунистичка диктатура на Енвер Хоџа и воопшто на тоталитарните системи. Последниве години живееше на реалција Албанија- Франција, каде замина 1990 година, кога започнаа општествените промени во албанскато општество , кои Кадаре ги опиша како недоволно демократски и небезбедни за неговиот живот во родната земја.

Во албанските литературни кругови Кадаре влегол како поет на 17 годишна возраст, а потоа продолжил како прозаист, драмски автор и преведувач. Негов најпознат роман, кој беше на мета на албанските литературни критичари поради избегнувањето на социјалистичкиот реализам , со кој што стекна меѓународна репутација, е „ Генералот на мртвата војска“, објавен 1963 година. А, романот„ Палатата на соништата “ издаден 1981 година, беше забранет во Албанија .

Делата на Кадаре, напишани во постмодерен стил, се преведени на 50 -тина светски јазици и наградени со престижното признание „ Меѓународен Ман Букер“, во 2005 година. Тој неколку пати беше номиниран за Нобеловата награда за литература, а ја освои и „ Прозарт“ наградата во 2020 година.

Бил пратеник во албанското собрание и потпретседател на партијата Демократски национален фронт. А, во 1996 станал член на Француската академија за морални и политички науки.

Исмаил Кадаре ќе остане запаметен како автор -заштитник на човековите права, во светло на историско- политичките превирања во Албанија, на Балканот и во Европа.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе